Меркел во јануари во Атина за поддршка на Преспански договор

Германската канцеларка Ангела Меркел се очекува на 10 јануари да допатува во дводневна посета на Атина, а високо во агендата ќе биде поддршката за грчкиот премиер Алексис Ципрас пред гласањето во Парламентот за Преспански договор, пишува „Катимерини“.

Според весникот, на тоа упатува тајмингот на посетата, кога договорот за името на Македонија од парламентот во Скопје треба да се проследи на ратификација во Атина.

Главниот мотив на првата посета на Меркел на Грција по речиси 12 години, за време на која покрај со Ципрас таа ќе се сретне и со претседателот Прокопис Павлопулос, како и со лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис, е да испрати позитивна порака по излегувањето на Грција од програмата за финансиска помош, тврди „Катимерини“, повикувајќи се на извори во Берлин.

SHARE

7 Коментари

    • Зоран, што не ти е јасно? Германија е членка на НАТО и ЕУ, како и Грција. Ако се членки на исти организации, значи имаат заеднички интереси и нормално е да разговараат како да ги остварат тие заеднички интереси. Македонија не е членка на НАТО и ЕУ, но сите политички партии во Македонија и огромен дел од населението, бараат прием во НАТО и ЕУ, а НАТО и ЕУ се согласни да ја примат Македонија во членство ( од свои причини, пр. да се одстрани влијанието на Русија на овие простори). Но постои еден проблем. Треба да се исполни договорот Грција – Македонија. Нормално е Германија ( САД, Франција, Англија и сите други земји членки на овие организации) работи на тоа ДА СЕ ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ И МАКЕДОНИЈА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЕУ! Како може да е мешање во работите на Македонија ако Македонија сака да биде членка на НАТО и ЕУ и бара земјите на НАТО и ЕУ да и`помогнат да стане нивна членка, т.е. да ја примат во членство? Како може да е мешање во работите на Грција, кога Грција е членка на овие организации, а нивна заедничка цел е Македонија да биде примена? Дали Македонија го прифаќа договорот со Грција како услов за влез во НАТО и ЕУ? Владата смета дека го прифаќа, затоа што на референдумот од излезените 660 000 илјади гласачи, 610 000 го прифатиле. Колкав е бројот од тие што не излегле на референдум, а го прифаќаат договорот ќе се види на следните избори (претседателски и парламентарни) и на референдумот за прием во ЕУ, кој ќе биде задолжителен. Што не ти е јасно?

      • Класична шема. Извртување. Лагата ја претставуваш како вистина а вистината како лага. Референдумот не беше за влез во НАТО и ЕУ. Реферндумот беше за предавничкиот договор со Грција. Била нивна заедничка цел!? Ако имаше референдум во нивните држави и ако резултатот беше како во Македонија што ќе се случеше? Сите до еден ќе си поднесеа оставки и никогаш повеќе немаше да зи играат политика. А сите доагаат тука и ни шиткаат “демократија”. А за она дека владата смета. Навистина смета.

        • Референдумот не бил за влез во НАТО и ЕУ? Бил за „предавничкиот“ договор со Грција? Како гласаше прашањето на референдумот? Дали сте за прифаќање на договорот со Грција или дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција? Дали ова за тебе не е прашање за прифаќање на договорот со цел да се влезе во НАТО и ЕУ? А зошто би прифаќале договор ако тоа не е за влез во НАТО и ЕУ? Која е таа будала што би прифатила договор со Грција ако тој договор нема никаква врска со влегување во НАТО и ЕУ? Кој извртува? Јас или ти? Зоран, референдумот не беше ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, па владата да мора да се раководи по тоа дали референдумот бил успешен или неуспешен. Референдумот беше КОНСУЛТАТИВЕН, што значи владата сакаше да виде какво е расположението кај граѓаните. Од резултатите владата заклучи дека постои расположение за прифаќање на договорот. Зошто некој би поднел оставка? Затоа што немало цензус на КОНСУЛТАТИВЕН референдум? Затоа што некој идиоти намерно не излегле на рефендум, а други не биле тука, не можеле да излезат, ги мрзело да излезат или им било се`едно дали да се прифати договорот со цел да се влезе во НАТО и ЕУ, па не излегле и оставиле на другите да одлучат. Тоа што со сигурност се знае од реферерендумот е дека излегле околу 660 000, од нив ЗА биле околу 610 000, а против мислам околу 30 000. Она што не го знаеме е КОЛКУ има вкупно избирачи и КОЛКУ од тие што не излегоа се ПРОТИВ, а колку НЕ ИЗЛЕГЛЕ од разни други причини.

          • Сакаш да кажеш дека оние 1.200.000што не излегле на референдум за предавничкиот договор се идиоти. Значи вака. ДУИ кажаа дека излегле околу 250.000 илјади албанци на тоа додади уште околу 100.000 илјади што власи што срби што роми што бошњаци кои ама ич не ги боли курот за моето име, остануваат околу 250.000 илјади македонци (северџани) што сакале да се прекрстат.Заклучок -Немакедонците што живеат во Маќедонија ги сјебаа МАКЕДОНЦИТЕ. И ти на тоа се радуваш ќе си влезел во НАТО И ЕУ начисто сјебан, ама немаш гајле па за тоа си купивте лубриканти.

Оставете Коментар