Мерко „баш го брига“ за нападите поради дивоградбите

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не му е гајле за нападите од невладините и не се согласува со предлогот на Антикорупциската комисија која побара Владата да се справи со уривањето на дивоградбите во Струга и Охрид.

Тој вели „ние сме локална власт“ и најавува дека „Струга треба да се гради“.

„ Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите.

За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, „нас баш не брига“ – изјави Мерко за медиуми.

SHARE