Мерко го прашува Сугарески кај ќе ги носи струшките плажи?

„Од 2012 годиниа со децентрализацијата плажите се под ингеренции на општините. Му порачувам на Сугарески да не носи селективни одлуки само за струшките плажи. Нека ги одземе ингеренциите на општините и на плажите во Охрид, Преспа, Дојран и на сите помали езера. Кај ќе ги носи министерот плажите, во Прилеп? – изјави за Плусинфо. градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, по вчерашната најава на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за измени на Законот за градежно земјиште со кои државата ќе стопанисува со охридските плажи наместо општините.

Тој вели дека општина Струга ги изградила плажите и твдри дека нема ниту една нелегална градба.

Струшкиот градоначалник во одземањето на плажите од локалната самоуправа гледа тенденција на Министерството за транспорт против Струга.

Кај ќе ги носи Сугарески плажите? Во Прилеп?, бурно реагира Мерко, прренесува „Плусинфо“.

SHARE