По Битола пред пет дена, албанскиот претседател Илир Мета денеска „леташе орли“ и среде Скопје, и тоа заедно со собранискиот спикер Талат Џафери, со вицепремиерот Бујар Османи и со нивниот партиски шеф во ДУИ, Али Ахмети.
Мета дури и ја постира фотографијата на својот профил на Фејсбук.
„Заедно со лидерот на ДУИ, г. Ахмети, и со другите албански политички лидери во Македонија, за време на посетата на Старо Скопје, сретнавме десетици браќа и сестри по крв, со кои ја честитавме 110-годишнината од албанската азбука и го одбележавме славното дело на стотици албански патриоти од епохата на Скендербег до денес, уредно реализирани во мозаикот на овој град“, напиша Мета.
Чудо! Го нема црнатиот со нив.