Метеор падна во Венецуела (ВИДЕО)

Неидентификуван прозрачен објект, за кој се смета дека бил метеор паднал во Венецуела во саботата околу 19.30 по локално време .

Објектот на небото го забележале жителите на главниот град Каракас, како и во северните држави Карабобо и Арагуа.

Видеата снимени на социјалните мрежи покажуваат изгорена трева на местото на падот на небескиот објект во градот Валенсија (државата Карабобо).

Власти се уште не ги потврдија информациите за метеорит.

https://youtu.be/hQl7AuBqTDY

На 1 февруари метеор падна во западниот дел на Куба, во провинцијата Пинар-дел-Рио. Метеорот летал  над островската држава во форма на огнена топка, оставајќи зад патека од чад пред да експлодира во мали парчиња – 20-30 сантиметри – кои паднаа и врз населено место.

Никој не беше повреден во инцидентот.