МИА бара повлекување текст и му се заканува на Трендо

Некогаш македонската а сега Медиумската Информативна Агенција скратено МИА му се заканува со тужба на Сашо Мацановски Трендо од off.net.mk за објавен текст во кој се критикува употребата на придавката “северномакедонски”.

Државната агенција на Трендо му пишува писмо во кое бара извинување за наслов во кој таа се именува како “Шупачка” а таков текст на офф.нет.мк воопшто нема.

Во заканата за тужба стои дека казната за однесувањето на порталот може да биде во висина од неколку илјади евра што за овој популарен медиум може да значи финансиски проблеми дури и згаснување.

Заканата за тужба ја испраќа правниот застапник односно адвокатка која за оваа услуга ќе наплати пари од МИА каде што директор е некогашниот новинар на Сител Драган Антоновски кој и самиот беше познат по шегите на сметка на властите и државните институции.

Најверојатно за МИА и за Антоновски сега “Ѓаволот ја однесол шегата”, и политичката сатира кај медиумите преферираат да ја решаваат со закани за тужба со што се врши притисок врз слободата на медиумите.

Деталите од заканата на овој линк

https://m.off.net.mk/lokalno/mediumi/mama-mia-saka-da-i-se-izvinime

SHARE

2 Коментари

  1. Gordana Siljanovska je mogla pobediti da je privukla neopredeljene i one koji bojkotuju izbore! Trebalo je samo jasno da se izjasni za raskid nelegalnog i nelegitimnog Prespanskog sporazuma kojim se redefiniše identitet jednog naroda, jedne nacije i jedne suverene države! Tada bi još 250 000 Makedonaca koji bojkotuju glasali za Siljanovsku.

Comments are closed.