Родителите и учениците од ООУ „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин утре од 12 часот ќе излезат на мирен протест против изградба на детска градинка на местото на отвореното игралиште во училишниот двор.

„Тоа игралиште е место за спорт и рекреација на голем дел од населението на Мичурин и Острово. Со изградба на градинка на местото на игралиштето, децата ќе немаат каде да играат“, негодуваат тие.

Од Општина Аеродром велат дека, покрај градинката ќе се изгради ново спортско и детско игралиште, бидејќи училишниот двор бил доволно голем.

Родителите, пак, истакнуваат дека тоа ново игралиште би било помало од сегашното и поради тоа нема да ги задоволува потребите како сегашното.

Покрај планираната градинка во дворот на ООУ „Блаже Конески“, општината најавува изградба на уште една во овој дел од Аеродром.

о

SHARE