Мицкоски: А, зошто Катица Јанева не е со лисици на рацете

„На народот му збогтиса од ваквото блескање на куфер политиката на Заев кој Македонија ја води во амбисот.
 Ако Македонија беше правна држава, денес главата на октоподот ќе беше со лисици на рацете“, пишува денеска на неговиот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во подолгио статус на неговиот ФБ профил, Мицкоски прашува:

„Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија.

Но, денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? 

SHARE