Мицкоски: Ајде во понеделник да го распуштиме Собранието

На денешната прес конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара уште во понеделник да се распушти Собранието зашто има доволно време да се организираат фер избори и заедно со претседателските избори да се одржат вонредни парламентарни.

„Денеска од засрамениот Зоран Заев слушнавме две тези. Првата теза е дека се крие позади одлуките на органите на партијата и втората е дека анкетите покажувале сигурно водство и оти на секој политичар ќе му бидат добредојдени нови четири години мандат.

Но, вистината е следна, ако е навистина така, ајде веднаш во понеделник да го распуштиме Собранието и имаме доволно време да организираме фер изборен циклус, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање“ рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори, рече Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите.

SHARE

4 Коментари

Оставете Коментар