Мицкоски бара лидерска за проблемот со „источниот сосед“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика лидерите на политичките партии на лидерска средба за да разговараат „за проблемите со нашиот источен сосед“ Бугарија.

„Не верувам дека Бугарија ќе ја блокира Македонија и ги охрабрувам тоа да не го направат“, изјави Мицкоски, пренесува РСЕ, истакнувајќи дека како ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат релевантните политички лидери да разговараат за преговорите со Бугарија, но и за пописот, економијата, „дебаклот од образованието“ и заеднички да излезат со решенија.

Мицкоски вели дека стои на ставот дека било разговарано за нов договор со Бугарија, кој ќе подразбира уставни измени бидејќи, според него, досега никој од бугарска страна не го демантирал тоа.

SHARE