Лидерот на ВМРО-ПМНЕ денеска на прес-конференција побара оставка од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров поради како што рече“ поразот на македонската дипломатија“ со договорот за новото име на Република Македонија.

„Димитров е учесник во оваа капитулација, рече Мицкоски кој потсети дека министерот во една прилика најавил такво нешто и додаде дека треба да си поднесе оставка сега поради „капитулацијата што се обидуваш да ја претставиш како победа“.

По денешната средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, која траела околу две минути МНР Димитров изјави:

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните.
Ќе не биде… и покрај Иванов“, изјавил Димитров за „Дојче Веле“.

SHARE

Comments are closed.