Мицкоски до Заев: Апси, не ти се плашиме (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција реагираше на апсењата на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и ги оцени како очајнички потези на Заев а за уапсените рече „овие луѓе не се виновни“.

Според Христијан Мицкоски ова апсење се прави со цел да не се зборува за партиските вработувања, за вакцините на Венко Филипче, за тендерите на Вице Заев и му порача на премиерот дека е готов и поразен и дека бадијала сеел страв кај народот.

„Свесни се дека народот не ги поддржува, дека им е преку глава од предавствата, од забеганоста. Свесни се дена паѓаат и сега во очај одат на внесување на страв во општеството. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасен, затоа апси на рекла казала муабет.

Народот е веќе разбуден и не се плаши. Ова што го правиш е лудило ама ние сме погдотвени да поднесеме жртва. Апси, можеш да нарачуваш и убиства, ама не ти се плашиме и ќе те поразиме…

Единствен модус да се стави крај на ова уништување на Македонија, е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори“ рече меѓу другото Мицкоски.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.