Мицкоски го открива пеколниот план на Заев

Не зборувам напамет кога велам за нарачаните убиства на Заев, само што во овој момент ни на крај памет не ми е со нив да излезам во јавноста. Ќе дојде момент кога ќе профункционира правната држава, вели Христијан Мицкоски, лиерот на ВМРО – ДПМНЕ во изјава за весникот Независен.

“И Милошевиќ и Чаушеску го правеа истото: апсеа неистомисленици, вршеа притисок врз медиумите, рекетираа, затвораа, па знаеме како завршија”, вели за Независен Мицкоски.

Лидерот на опозоцијата предвидува апсењата и на други функционери на неговата партија да продолжат.

“Заев прво сака да нè испровоцира за да преземеме чекори како албанската опозиција и да излеземе од Собранието.

Второ, со нашето излегување од Собранието да предизвика политичка криза поголема од оваа сега и потоа нас да нè обвини дека сме виновни што нема да добиеме почеток на преговорите со Европската Унија.

И, трето, сака да нè испровоцира да ги бојкотираме претседателските избори, па нивниот кандидат, веројатно Никола Димитров, да добие шанса да победи бидејќи, ако и ние се натпреваруваме – јасно е оти ќе победи професорката Силјановска – Давкова. Ништо од тоа нема да му успее”, вели Мицкоски.

SHARE

5 Коментари

  1. Абе гоните се у пм! Вие никој и ништо, вие остатоци од некое минато време, вие лански снег. Слепец, водич на слепци. Будала одлепена од стварноста. Задња рупа на свиралу кој мисли дека нешто значи во Македонија. Заев бил нарачател на убиства, ама ќе кажел кога „ќе профункционирала правната држава“. Ќе направел подобар договор со Грција, ама кога ќе станел премиер. Тој се` ќе направи, ама кога врбата ќе роди грозје.

  2. Се додека не се примени стратегијата на професорот Игор Јанев ништо нема да може да се направи со Името!

Comments are closed.