Масовнотo присуство и јасните и недвосмислени пораки дека ВМРО – ДПМНЕ нема да се согласи на менување на уставот за промена на уставното име на премиерот Заев и министерот Димитров им обезбедија подобра позиција во преговорите за името кои што во моментов се закочени но наскоро треба да продолжат со помош на западни земји пријатели.

Со вчерашното присуство на неколку десетици илјади демонстранти пред владата на Македонија и со прецизните пораки од кои нема дилема дека Мицкоски како лидер на опозицијата нема да направи штетен компромис за името, на грчката страна и се избива единствениот аргумент кој што беше употребуван во последните месеци во преговорите за да дојде до подобра позиција.

Една од главните формални причини за непопустливоста во преговорите за грчката страна било противењето на грчката опозиција пред се на Неа демократија која што се спротивстави и на предлогот Илинденска и на името Македонија во било кое решение.

Предходно Косиас во неколку наврати пред Димитров и Нимиц повторил дека по масовните протести во Солун и Атина владата на СИРИЗА е во тешка состојба за разлика од владата во Скопје која што не е соочена со протести и со опозиција која одбива компромис.

Со вчерашниот митинг во Скопје овој аргумент се избива од грчките раце затоа што и двајцата премиери се наоѓаат во иста состојба, и двете влади се соочени со сериозен проблем во јавноста доколку прифатат непосакувано решение.

SHARE

Comments are closed.