Мицкоски: Имаме искази за „Рекет“, ни ги доставија „свиркачи“

На денешната прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека ги поседува сите искази од лицата кои биле повикани и ги дале во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“ и покажа документи за кои тврдеше дека се исказите.

.„Свиркачи во ВМРО ДПМНЕ ги донесоа исказите кои што се дадени кај обвинителката која го води предметот „Рекет , наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето.

Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“, рече Мицкоски и рече дека ќе ги објави, само доколку тој и неговата партија видат дека водењето на овој случај оди во друг правец .

„Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните и нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи, се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да ги штити лицата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

SHARE