Мицкоски: Кој го мести СДСМ дека ќе се вратиме во време кога владееше СДСМ?

Лидерот на ВРМО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поставува прашање кој и зошто ја мести владејачката партија со спот во кој јавноста се заплашува дека опозицијатѕа ќе ја вратела земјата 25 години назад.

„ Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија.

Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони.Тоа беше нивното време пред 25 години.

Но, и сега не е поинаку. Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази“, пишува на Фејсбук Мицкоски.

SHARE