Мицкоски на live chat: Владата мува не ја лази за Ковид19, за вилата на Заев на Халкидики…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше сесија во живо на „Фејсбук“, на која одговораше на сите прашања на граѓаните.

“Можете да ме прашате за она што ве интересира, за мојата работа или приватен живот. Се надевам дека ќе ме запознаете во малку поопуштена верзија, отколку на телевизиските екрани. Ве очекувам во голем број!” ги повика граѓаните Мицкоски.

Мицкоски, на Live chat на тема Одговор на сите Ваши прашања на прашањето: Што предлагате во делот на пандемијата имајќи во предвид дека сега го имате и најдобриот инфектолог во Македонија и пошироко, бидејќи од првичните предвидувања на Венко дека бројот на заболен до 2.500 се покажа за неточен. А од вас лично како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, малку народски кажано очекувам да удрите на маса, рече дека власта мува не ја лази што Македонија е рекордер во Европа по големиот број на починати и заразени граѓани од КОВИД 19.

“Апсолутно ја разбирам практично загриженост која што преку ова прашање гледачот ја изразува. Она кое што во суштина уште самиот почеток беше погрешно кај владата, кај ресорниот министер, но и оние останати министри кои што парадираа на оние прес конференции преку најголемиот дел медиумите во Македонија беше голиот пи-ар практично нивното маркетиншко презентирање преку македонската јавност, а во суштина немаше никаква суштина. Практично сите оние мерки кои што во тоа време беа предлагани, беа мерки кои имаа за цел да ги заробат граѓаните да создадат една паника, а овие луѓе да се претстават како спасители како луѓе кои што ја спасиле нацијата од оваа пандемија”, рече Мицкоски.

“Факт е дека покрај заробената држава, покрај тоа што се преземаа мерки во насока на злоупотреби на предвремените парламентарни избори, ние не добивме буквално ништо суштинско што би значело спречување на ширењето ан оваа пандемија. Ќе ве потсетам не беа 2500 луѓе, туку беа 2000 луѓе кои што се предвидуваше да бидат заразени на оваа пандемија во Македонија и неколку десетици луѓе кои за жал ќе ги загубат животите, тоа се десетица семејства кој што ќе останат најмалку без еден член на нивното семејство кој за жал ќе го загуби животот поради оваа пандемија. Но, таа не само што не беше точна туку катаклизмично погрешна. Зошто? Затоа што денеска сме рекордери и практично можеме да кажеме дека доаѓаме до 1 процент од попишаното население кое е заболено од оваа пандемија, а веќе се движиме до бројката повеќе од 18.000 и повеќе од 700 луѓе кои што го загубија животот поради оваа пандемија а тоа се повеќе од 700 семејства кои што останаа со помалку од еден член во нивното семејство. И она што најмногу мене ме загрижува како човек, како ете би рекол пред се универзитетски професор и политичар е тоа што мува не ги лази за тоа што го прават, нема никаква одговорност поради сите лоши проценки, поради дебаклот на отворена сцена кој што се случува”, потенцира Мицкоски.

Сите прашања и одговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на линкот:

Одговори на сите Ваши прашања!

Денес одговарав во живо на десетина ваши прашања! Интересот беше навистина голем и иако времето е ограничено, јас и мојот тим, во следните денови ќе се потрудиме да одговориме на оние на кои не успеавме. Продолжуваме со ова темпо и понатаму, и ве охрабрувам да се обратите кај нас со вашите прашања. Народот и Македонија мора да се на прво место!

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, October 4, 2020

SHARE