Мицкоски не дава роднините од непотизмот во СЈО да се префрлат во новото обвинителство

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не се согласува сите обвинители од СЈО да бидат трансферирани во новото тело кое го договараат СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој бара да се почитува законот за СЈО и сите тие да се вратат во обвинителствата од каде што дошле.

Истовремено одбива од СЈО во новото тело да се префрлат синови, ќерки, и други роднини на обвинители и други фактори во правосудството.

Мицкоски набројува десетина роднини кои се дел од непотизам во СЈО меѓу кои внук и идна снаа на Катица Јанева кои според предлог законот на СДСМ заедно со Јанева треба да бидат дел од новото обвинителство за висока корупција.

Кои се другите детали за ставот на Мицкоски од интервјуто за ТВ Сител

SHARE