Мицкоски: Не исфрлија и од чекалницата на ЕУ

Во вечерашното гостување во дебатната емисија на телевизијата ,,Клан Македонија“, лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оцени дека власта ја посрамоти Република Македонија, а државате сега не е ниту во чекалницата на Европската Унија.

„Каде сме сега, не сме ни во чекалницата , сега сме засрамени. Сега и од чекалницата не исфрлија надвор, затоа што далеку е датумот, затоа што нема вредности, затоа што нема реформи. Вие се сеќавате ли на онаа абецеда, 3/6/9/18 еве 24 помина, до каде е? Едно време излегуваа велеа толку проценти е реализирана, се сеќавате кога последен пат некој го споменал тој план за реформи и до каде е“, запраша Мицкоски.