Мицкоски: Не коментирам закани од кукавици

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги нарече кукавици потписниците на отвореното писмо што го испратија осудените за „Диво насеље“ кои порачаа дека ќе ги гонат „макар до крајот на светот Никола Груевски, Сашо Мијалков и Али Ахмети“, како и дека имаат листа од 13 имиња на кои ќе им се одзмаздат.

„ Грозоморно и монструозно е да се коментираат едни такви изјави од луѓе што се соочуваат со затворска казна како резултат за она што го сторија во Диво Насеље.

Кукавици по фејсбук се закануваат на луѓе, политичари и граѓани, а при тоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што е можно помала казна.

Ако сториле нешто, има да одговараат за тоа“ – рече Мицкоски.

SHARE