„Нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција“ изјави лидерот на ВМРО-дпмне денеска во Охрид.

Мискоски вели дека нема потреба да се одржи „ради реда“ лидерска средба со лидерот на СДСМ пколу законот за јавно обвинителство.

„Навистина немам намера да го губам времето ниту на господинот Заев, ниту на граѓаните. Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараат, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE