Мицкоски нема дилеми за исходот на претседателските избори

Лидерот на опозицијата нема дилеми што ќе се случи на претседателските избори.

„Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија“, изјави лидерот на опозицијата.

Тој информира дека партијата го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател затоа што ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтерсирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани.

„Конкурсот трае до 31 јануари и тогаш јавноста ќе знае кои се имињата кои се пријавиле на тој конкурс. Од пријавените кандидати на конвенцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе избере оној кој ќе понуди најдобра програма, рече Мицкоски според кого претседател во РМ, се станува кога мнозинството граѓани во РМ ќе ја дадат довербата, на оној кандидат кој ќе освои најголем број од гласовите на сите етнички заедници во Македонија кои што ќе излезат да гласаат и тој ќе биде и претседател на РМ.

Мицкоски откри дека партијата има редовна комуникација со претседателите на политичките партии од албанските етнички заедници и дека иако тие средби не се официјална, се одвиваат на различни нивоа, вклучувајќи и на претседателско ниво.

„Останувам на принципот дека во ова држава граѓаните терба да ги делиме на оние кои се лојални и не се лојани, а не според етнички принцип и етнички клуч. Тоа беше грешка во минатото, се злоупотребуваа етничките заедници. Тоа не треба да биде пракса во иднина. Во РМ треба да победи претседателски кандидат кој што ќе го освои мнозинството гласови на граѓаните на РМ“, порача Мицкоски кој е уверен во победата на следните претседеталски избори.

SHARE

2 Коментари

  1. micko, dosta so “tezgadziski muabeti”! Ako sakas da POBEDIME, kazi sto ke napravite so site dosegasni nebulozni odluki doneseni od gangsterive! Inaku na sto i na kogo ke izbirame predsedatel? imate sansa za ” sluzben rezultat” 10:0 ,no ako ja userite kako i tekovno sto ja kenjate, ne se nadevajte na poddrska od nezavisni i Makedonci !

Оставете Коментар