„Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрисијан Мискоски, во интервју Радио слободна Европа .

„Истовремено сме кажале дека сме било против таа капитулација што ја донесе Зоран Заев потпишувајќи го Преспанскиот договор – вели Мицкоски – но истовремено сме кажале дека ние реалноста нема да ја игнорираме, но истовремено сме кажале дека нема никогаш дозволиме оганот македонски да згасне се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за Македонците, за Mакедонија и се што е поврзано со придавката македонски“.

SHARE