Мицкоски ја обвини Владата за криминал, Рашковски објави преписка за профитерство (ФОТО)

Владата во официјално соопштение објавува лична преписка меѓу лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во која “генсекот” е обвинет за профитерство од мерките преземени поради коронавирусот.

Во соопштението владата бара Мицкоски да не врши притисок врз властите затоа што според нив целата процедура за враќање на македонските граѓани од странство била согласно процедурата и распишани тендери за превоз и сместување.

Мицкоски, иако се работи за лична преписка на социјални мрежи чие објавување е кривично дело, вели дека е добро што граѓаните можат да видат што содржи комуникацијата.

Тој во преписката најавува дека Рашковски и други инволвирани во криминалот ќе одговараат.

“Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи. Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба”, пишува Мицкоски во реакцијата.

Генсекот на Владата Драги Рашковски во јавноста стана познат по неколку контроверзни одлуки кои инволвирана членови на неговата фамилија и блиски луѓе а нема никаква разврска за случајот Леонардо.

Случајот вреден 7 милиони евра наменети за МНАВ а за кој беше објавен аудио материјал откри низа индиции за криминал за кои засега молчат и обвинителството и Антикорупциска комисија.

Линк до владиното соопштение

https://vlada.mk/node/20784