Мицкоски прифаќа предвремени, ако Заев не се премисли „до утре“!

„Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што, знаете, таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа предвремени парламентарни, брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одгово“ ја коментираше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски,  денешната прес конференција на претседателот на коалициската влада Зоран Заев кој најави избори – што побрзо.

„Да видиме дали продолжува да манипулира со граѓаните и сака да ги крши законите или ќе дозволи еден фер изборен процес  за да можат граѓаните да го дадат својот суд дали навистина блескаме  или ќе го блесне судот на народот него и СДСМ“.

Мицкоски повтори дека, според него, СДСМ и ДУИ се погрешни, ја водат Македонија во погрешна насока, „а денеска и самите тие самокритични беа и признаа дека е време за промени во Македонија, време  да победи обновата и време конечно да им се стави крај на оние политичари кои со лаги и измами, со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања ги користи привилегиите во владата на Македонија“.

Доколку има избори, Мицкоски повика на масовност „да излеземе и да им ја испорачаме казната којашто за нив следува, а тоа е да бидат во опозиција, а потоа одговорност од првиот до последниот“.

SHARE