Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не може власта да бара поддршка од опозицијата, без претходно да ја консултирана.

ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање со сиот свој потенцијал да им помогне на граѓаните па дури, вели Мицкоски, и да соработува со незнајковците од политичката Комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев.

„Не може да се носат мерки и потоа на маса да се истураат истите мерки, а потоа да се бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Кој од тие луѓе ќе се надмине себеси еднаш во овие четири години, еднаш нека се спуштат на земја, нека седнат да разговаат со граѓаните, да разговараат со опозицијата, не говорам само за ВМРО-ДПМНЕ, тука има и други опозициски партии, има и во албанскиот политички блок. Станува збор за здравјето на граѓаните, станува збор за здравјето на нацијата.

Не може некој да се затвори во канцеларија и да носи политички мерки, а потоа да бара поддршка од опозицијата…

За какви мерки зборуваме, за оние во „Аватар“? Ги молевме да го затворат „Аватар“ со месеци. Зошто, затоа што биле блиски до семејството на власт, денеска Вухан ни е Струмица, па неговиот роден град е таков. За кои мерки зборуваме, за одговорност никому ништо, па згора на се’ се силат“ – рече Мицкоски.

Тој му порача на министерот за здравство Венко Филипче викендов да го консултира.

SHARE