Сега ми е јасно зошто Зоран Заев толку многу се обидуваше веднаш да најде замена за катица Јанева и тоа да биде Вилма Русковска, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со изјавата на обвинителката Вилма Русковска во интервју за ТВ24, според која таа му се јавила на Мицкоски за неговите сознанија за одредени случаи кои ги води Обвинителството, а по неговото мафтање со документи од истрагата за случајот „Рекет“.

„Русковска вчера во емисија во обид да ја одбрани власта и да скандализира нешто каде што нема простор да скандализира, изнесе груба вистина. Но каква е вистината“, рече Мицкоски.

„На 26 јули Русковска ми испрати СМС порака, во која ме замоли да се слушнеме, јас по СМС пораката и се јавив, ме замоли да се видиме, јас ја поканив во седиштето да дојде, таа рече дека не е пристојно да дојде во седиштето. Тогаш ја запрашав не кое друго место и што би била темата.

Она ми одговори дека темата би била уште еднаш да поразговараме околку актуелната ситуација, но и за мојата изјава во врска со уцената која Катица Јанева ја испорача на еден наш состанок за кој ја претходно ја информирав јавноста. Она ми рече дека тој ден не е во можност и предложи некој друг термин, на што јас и реков дека не можам во деновите кои следат поради густиот распоред. И се договоривме да се слушнеме по годишниот одмор и го одржиме тој состанок. На 15 август и испратив СМС порака и и реков дека сум во Скопје и стојам на располагање, на што добив одговор дека ќе ме побара. На 11 септември беше прес-конференцијата која таа вчера ја споменуваше, каде што јас зборував за документите кои свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски и додаде:

„Вчудоневеиден сум и разочаран од лошата состојаба во правосудствотои тесната врска меѓу власта, обвинителството и судството“.

Сето ова што го кажав денеска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го поседувам во форма на докази.

Доколку уредно бидам поканет од Обвинителството, се разбирам дека ќе се одзвам на поканата, рече Мицкоски.

SHARE