Мицкоски: Се додека Кики не е Кики а Заев и Фрики молчат, криминалот ќе цвета

Зоран Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република.

-Знае ли некој каде е во моментов Катица Јанева? Или тоа власта ќе го чува како некоја мистерија додека не смислат некој подобар план. Нема да има ништо се додека се чуваат заштитени вистинските закрилници на овој рекет. Се додека Кики ни кажува дека не е Кики, а Фрики молчи, се додека Заев се прави нем за неговите партиски соработници кои така молчејќи го прават и него соочесник и главен покровител на овој срамен криминал, криминалот ќе цвета. Треба да знаат дека нема правда без одговорнст, а одговорноста ќе ја побараме ние кога ќе се избориме за смена на власта, вели Мицкоски.

Целото интервју на следниот линк

SHARE