Мицкоски со контраудар за Заев: Ако може Русковска зошто да не може Панчевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Сител оценува дека обвинителката на СЈО и тимот, не можат да се префрлат во новоформирано обвинителство, туку согласно закон тие треба да се вратат во обвинителствата од каде биле превземени пред СЈО.

-Имаме друг човечки ресурс како дел од СЈО, како внукот на Јанева, идната снаа на Катица Јанева, двајцата братучеди на еден од обвинителите, Бубевски, симот и внуката на една од обвинителките таму. Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Василевски, синот на Лидија Неделкова и останатите пријатели, роднини и соседи на Јанева… Со овој нов закон предвидува сите овие договорци да бидат превземени од страна на новото обвинителство. Се поставува прашањето кого поддржуваме ние, дали луѓето кои биле соучесници во „Рекет“ за да го заштитат процесот или тие треба да се борат и да бидат бескомпромисни со криминалот, истакна Мицкоски.

Мицкоски го коментираше и предлогот Русковска да биде на чело на ова обвинителство, а даде и свој предлог.

-Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството. Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет,  кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека негов предлог за оваа функција е токму судијата Панчевски и прашува зошто да не го прифатат предлогот на опозицијата, ако Заев може да си ја предложи Русковска.

SHARE