Мицкоски со пратениците тргнува кон вилата на Пендаровски, бара одговори за Уставот (ВИДЕО)

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција најави дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски и ќе бара одговор зошто спротивно на Уставот мандатот за премиер му го дал на Зоран Заев.

“Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски му го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев без доказ дека има мнозинство. Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докaзи Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада”, изјави Мицкоски.

Мицкоски обвинува дека со ваквиот чин на Пендаровски бил прекршен Уставот.

“Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев без да има доказ за тоа. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите”, рече Мицкоски.

Целата прес конференција на Мицкоски со сите прашања од медиумите на видеото

Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020

Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, August 13, 2020

SHARE