Мицкоски: Тежок ден за Македонија, т.н. договор е капитулација!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција посветена на промената на името на Република Македонија рече дека ова е тежок ден за Македонија.

Тој го обвини премиерот Зоран Заев дека повторно излажал:

„До завчера лажеше дека нема промена на уставното име, до вчера лажеше дека ерга омнес е само за Илинденска Македонија, сега капитулацијата ја продава како историска победа“.

Тој го предупреди да не се обидува на шверцерски начин да го протне договорот во Собранието, туку дека е потребен задолжителерн, а не консултативен, референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го прифаќаат новото име.

Запрашан тој рече дека тој како Мицкоски  ќе излезе на референдум и ќе гласа „против“.