Мицкоски вети автопат Скопје-Битола!

Нов автопат од Скопје до Битола преку Велес и Прилеп, најави Христиојан Мицкоски доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите.

Тој исто така најави и довршување на патиштата Кичево – Охрид и Скопје – Блаце.

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани.

Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

SHARE