Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција објави пакет мерки за граѓаните и бизнисот и се обврза за повисоки просечни плати за 25 отсто, пензии за 20 отсто, инвестиции, пониски даноци.

– Состојбата во која се наоѓа нашата држава е неповолна, би рекол повеќе од загрижувачка. Иако имаше многу ветувања, нема резултати.

(…)

„Затоа отпочнуваме серија на прес конференции каде ќе промовираме мерки и решенија кои ќе бидат дел од обновата која доаѓа, а кои ќе овозможат повеќе за секого. Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за минимум 25% во еден мандат. Ќе пораснат платите за минимум 25% во следните 4 години.

Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во декември месец 2019 година.

Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер“, рече Мицкоски

Тој најави дека за стопaнството, бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари. дека целосно ќе се напушти концептот на прогресивен данок и ќе се воведе рамен данок до 8%.

„Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9%, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8%.

Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација..

Мицкоски истакна дека се обврзува на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат.

SHARE