Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не учествува во пазарења за ЗЈО


Доколку СДСМ собере мнозинство, може да го донесе законот за Јавно обвинителство што ќе се носи по скратена постапка, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кај нас, како што рече, имаме пазарење на отворена сцена и ние тоа го премолчуваме и дури велиме така треба.

„Тоа за мене е скандалозно. Не само што се уништува интегритетот на луѓето туку треба да се вразумат тие што го прават тоа дека на краток рок уништуваат човечки животи. Апелирам, да ги остават луѓето на раат. Немојте да вршите притисоци“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека неговата партија е за закон за јавно обвинителство, но таков што ќе биде правичен и што ќе нуди правда за сите граѓани во државата без исклучок дали се партиски определени или не, или на кој етникум и припаѓаат, закон во кој што ќе се гарантира вистинска правда и ќе биде честит.

„Ова што денеска ни се предлага не е таков“ рече Мицкоски кој вели дека треба да се земат предвид мислењата на експертите кои беа дел од собраниската расправа за ЗЈО, без разлика дали овој или следниот парламентарен состав.

Мицкоски предупреди дека се губи време на создавање на вештачко мнозинство за донесување на ЗЈО.