„Додека ветуваат пљачкаат, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалком млазен авион да изнајмат 3.000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе му го полниме џебот, всушност му го полниме џебот на оние од врхушката на власт“. ја коментираше лидерот на ВМРО-ДПММНЕ информацијата дека компанијата САРХЕМС.ДОЕЛ, е единствената која се пријавила на владиниот оглас за хеликоптерски сервис за медицински услуги и спасување.

„И замислете, таа фирма си го добила пред 24 дена истото име како што е името и на проектот, само додале ДООЕЛ. 500.000 милиони евра сакаат да фрлат во неповрат. Да не ги погребаат провизиите и да фатат ниџум. Ете тоа е она кое што денеска ни се нуди, пљачка на голема неотворена сцена, крај слугувањето, покрај националното понижување, покрај слугувањето, покрај подредената кичма, ние денеска имаме пљачка на отворена сцена во секој пора на општеството без разлика дали е локална или централна власт. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето, зошто, а зошто да прашате, затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба’, рече Мицкоски на денешната средба со жители на Општина Вевчани.

SHARE