Мицкоски објасни зошто Македонија не доби датум за ЕУ (ВИДЕО)

Почеток на преговори со ЕУ не ни е доделен „не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“ изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прослава по повод 29.от роденден на партијата.

Христијан Мицкоски изрази убедување во две работи: дека СДСМ паѓа, а втората дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот, победува.

„Заев е на колена и во сопствената кал. а ВМРО-ДПМНЕ по изборите, кога и да се случат, ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред“, рече Мицкоски.

SHARE