На Македонија и е неопходна обнова. Патот по кој што ја водеше премиерот во заминување Зоран Заев во овие три години, не води никаде или поточно води во амбис. Тоа им е јасно на сите. Јасно им е и на граѓаните, јасно им е и на лидерите на политичките партии, а јасно им е и на нашите партнери од меѓународната заедница.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Политика“, одговарајќи на прашање околу распишаните предвремени избори во земјава.

„Сакам да верувам во конструктивноста на Зоран Заев и дека прв пат ги става националните пред сопствените интереси, но заради неговото досегашно однесување имам сомнеж. Ние баравме предвремени избори многу порано. Токму Заев отфрлаше каква било можност и изјавуваше дека без разлика на исходот од Брисел, изборите ќе бидат во редовен термин, почнувајќи од октомври.

Повеќе би рекол дека сега е соочен со поразот на неговите катастрофални политики. Сепак, мотивите на Заев да се премисли се помалку важни од иднината на Македонија. Најважно во моментов е да имаме чисти, фер и демократски избори на кои граѓаните ќе избираат меѓу наспособната, корумпирана и криминална власт и меѓу вредностите, честитоста и отчетноста кои што ги нуди ВМРО ДПМНЕ. Најважно е да се обединиме околу тоа дека сакаме држава во која што ќе владее правото и законите кои ќе важат подеднакво за сите. Нема привилегирана каста политичари“, вели Мицкоски.

Запрашан зошто мисли дека владата на Заев е виновна за фијаското фијаско во Брисел, иако 27 земји дадоа „зелено светло“, а само една земја се спротистави на проширувањето, Мицкоски со одговор:

„Не е само мој став туку фактичка состојба дека Зоран Заев не испорача ниту “р” од реформите. Составија некаков план 3-6-9 па го проширија и на 18. Реализацијата на реформите во тие 18 месеци не се мери во проценти, туку во делови од проценти. Тоа и не треба да ни го каже некој друг. Го гледаме и чувствуваме секој ден.

Не може да се води како судска реформа ослободителна пресуда за Зоран Заев за предмет во кој што сите го видоа како бара поткуп. Не е реформа ако ГРЕКО ви го испорача најнегативниот извештај, а вие продолжите да ја партизирате полицијата без никакви критериуми и ги политизирате службите. Не е реформа ако си распишувате тендери во здравството и влијаете врз постапките, а при тоа сте го укинале телото за контрола на јавните набавки, додека органите на прогон замижуваат пред очигледниот криминал.

Не е реформски да ги убедувате нашите сојузници во Брисел, а пред да отпатувате на шверцерски начин во собранието да доставувате закон за опојни дроги со европско знаменце, по скратена постапка, без јавна дебата, каде на компаниите од неговото семејство и блиски до нив им се овозможуваат повластени ингеренции во бизнисот со марихуана каков што нема никаде во ЕУ. Најлесно во моментов е вината да се бара надвор, а да не се гледа во сопствениот двор. Тоа е неодговорна политика“, одговара Мицкоски.

SHARE