ВМРО-ДПМНЕ не е против закон за јавно обвинителство, туку против партиски закон со кој ќе се заштити криминалот, рече денеска Мицкоски и предложи законот да дојде од експертите и професорите од Правен факултет.

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е одговор на вчерашната закана на Зоран Заев кој ја остави отворена можноста да не се распуштии собранието и да се одлжат избрите доколку опозицијата го минира носењето на законот за ЈО.

„Таков закон ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе прифати“, рече Мицкоски.

Тој предложи во изготвувањето на законот на учествуваап професорите Владо Камбовски, Гордана Сиљановска- Давкова, Гордан Калајџиев, Никола Тупанчевски, Татјана Каракамишева- Јовановска и Гордана Лажетиќ- Бужаровска.

SHARE