Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Гевгелија објави дека заврши трпението на опозицијата во интерес на евроинтеграцијата и по недобивањето датум за преговори тргнуваат во уривање на Владата на Зоран Заев на предвремени избори.

„Седумнаесетти октомври е денот кога завршува концесијата, 17 октомври е денот кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ, 17 октомври е денот денешен кога јас овде пред вас стојам и ви велам придружете ни се од денес да изгрее она вистинското сонце на слободата во Македонија, да ги победиме на следните предвремени парламентарни избори. Но, дотогаш не очекувајте дека овие арамии, овие камиказа политичари, сами по себе ќе заминат. Ни треба обединување, ни треба улицата, ни требаат плоштадите треба да се помине секој дом на нашите сограѓани да им кажеме дека ние сме поинакви, дека ги научивме лекциите од минатото, дека можеме поинаку, затоа што Македонија, затоа што ние, затоа што тие заслужуваат поинаку“, рече Мицкоски пред гевгеличани во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

„Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и на нашите сограѓани низ цела Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата ‘За подобра Македонија’“, порача лидерот на опозицијата.

SHARE