Мицковски: Каде е милијардата?

По денешната информација дека владата влегува во кредит од половина милијарда евра (без камати) за изградба на новиот Клинички центар, новинарот Ивор Мицковски со едноставно прашање:

„500 милиони кредит за Клинички. 
Ми се враќа дилемата на (министерот Џевдет) Хајредини. 
Ако СДСМ збореше дека од буџетот се крадеа 500 мил. годишно, а буџетот го зголемија за уште 500 мил. тогаш кај се сега милијарда годишно, кај одат?! 
Ако беа искрени доволно ќе беше да не ги крадат првите 500“.

SHARE