Мицковски: Власта тера приватни преговори со Бугари

„Власта решила дека нема да се води никаква институционална дебата околу нејзините, приватни, не јавни, камоли транспаретни, преговори со Бугарија.

Решија дека наместо инволвирање на Собранието, или камоли некаков референдум, или барем трибина каде би се изнеле ставовите и позициите, ќе тераат приватно и ќе не доведат до свршен чин“ – реагира новинарот Ивор Мицковски по денешното одбивање на ДУИ и на СДСМ во Комисијата за надворешна политика да се разгледува точката “Утврдување на национални позиции за македонско-бугарските односи во контекст на европските интеграции”.

„На тој начин оставија дебатата да се одвива преку медиуми, на дистанца, преку социјални мрежи, преку расправи и поделби. И што произлегува од таквата дебата?

Излага дека нема релевантен историчар, експерт, интелектуалец, домашен или странец, кој застана зад или воопшто ги оправда политичките и приватните позиции на нашиот премиер, нешто што неговата султан партија го прифати.

Дури и членови на оваа Влада и разни функционери или коалициони партнери се одалечија и ги осудија позициите на Заев.

Единствените кои се покрај Заев се една тесна и позната група на апологети кои извадија од најсмешни до најтрагични позиции, се изналупаа глупости, се погазија како личности во правдање на неоправдливото, дури и тргнаа во дрско заменување на тези, извртување на аргументите и отворено лажење. Во таква дебата, за нешто што не би ни требало да се дебатира политички, нашата Влада е осамена и изолирана, и продолжува самоуверено по тој пат.

Создадоа коалиција од некои од најмрачните политички актери во нашата независна историја: од Љубчо, Љубе, до Бучко и вечниот Али, кој сега го брани Заев, за утре скапо да ни наплати на сите нас.

И оваа банда мислат дека политичко решение преку историско-национална капитулација може да создаде основи за пријателство и напредок. Мислат дека тоа ќе ги оправда.

Политиката се’ покрива, секакви говна, ама оваа работа нема да најде мир, се додека еден човек мисли дека има право да одлучува за цела нација“, пишува Мицковски на фејсбук.

SHARE