Мицотакис бара низ ЕУ да се патува со ковид-пасош

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во писмо ѝ предложил на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, да побара да се воведе документ со кој ќе се потврди дека едно лице е вакцинирано, со шро ќе се олесни патувањето меѓу земјите членки во Унијата.

„Мора итно да се донесе заеднички став за тоа како треба да се структурира потврдата за вакцинираност, така што да биде прифатена во сите земји-членки“, вели Мицотакис, кој се надева дека ќе го постави ова прашање на самитот на ЕУ на 21 јануари.

Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Кирсмикер, рече дека „сите прашања што се изнесени во ова писмо, заедно со другите прашања во врска со вакцинациите, ќе бидат разгледани во рамките на Европскиот совет“.

SHARE