Мицотакис беше, е и останува против Преспански договор

Рековме дека признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност претставува национална отстапка што не ја направ ни една претходна влада, изјави денеска лидерот на опозициската Неа демократија, Киркјакос Мицотакис.

„Едноставно кажано, господинот Ципрас рече ‘да’, таму каде што сите претходно рекоа ‘не“, вели Мицотакис според кој ‘не’ кажале и Константинос Мицотакис и Костас Караманлис и Андонис Самарас…

„На овој начин, му дозволи на господинот Заев сега да ни мавта со прстот. Да ни вели: Која Северна Македонија, ние сме Македонци, зборуваме македонски јазик и утре ќе бараме овој македонски јазик да се изучува официјално и во нашата татковина, рече лидерот на Нова демократија пренесува МИА од Атина..

Мицотакис уште еднаш повтори дека неговата партија нема да го поддржи договорот.

„Нова демократија, беше, е и ќе биде против Договорот од Преспа и ќе се бориме овој договор да не помине, бидејќи ги поткопува интересите на земјата“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.