Мицотакис го заплашува Ципрас со тотална победа

„Да ја завршиме работата на 26 мај, за нов почеток“, изјави водачот на главната опозициска партија Нова Демократија (НД), Киријакос Мицотакис, во своето обраќање пред политичкиот комитет на неговата партија.

„Ципрас се плаши од изборите“, додал Мицотакис според АНА-МПА..

„Јасна победа на Нова демократија на европските избори, на регионалните избори и на локалните избори, особено во трите големи општини, само ќе значи едно: Грците заслужуваат горда земја со помалку даноци и повеќе и подобри работни места….

На 26 мај, граѓаните ќе ја негираат владата на лаги и неуспеси, ќе ги остават зад себе оние што донесоа беда и национално понижување“, вели  Мицотакис .

SHARE