Мицотакис ќе го промовира брендот „Македонија“

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и најсериозен кандидат  за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на промоција на четиригодишната владина програма на Нeа демократија ја повтори намерата за спроведување кампања за промоција на „брендот Македонија“.

“Во соработка со приватниот сектор планираме меѓународни кампањи за поддршка на брендот на нашата земја, но и кампања за реалната и вистинската наша Македонија со цел да се одново да се врати реалноста, да се промовираат брендот Македонија и македонските производи на меѓународната сцена”, рече Мицотакис.

Тој повтори дека неговата партија секогаш пред партискиот го става националниот интерес.