Грчкиот премиер вели дека кога некој ќе го чуе зборот Македонија тој мора да помисли на грчка Македонија, за вистинската Македонија, за автентичната Македонија“.

На денешната пред конференција во Солун, Мицотакис го повтори добро познатиот став на неговата партија Нова демократија дека овој договор е штетен, но истиот е „ратификуван од грчкиот парламент и не може да се промени произволно“.

„Договорот не предвидува измени, само контрола на неговата имплементација. Останете уверени дека строго ќе се придржуваме кон извршувањето на договорот. Сметаме дека е лош, но тоа е наследство“, рече Мицотакис.

Мицотакис рече дека во  оваа фаза не е планирана средба со македонскиот премиер Зоран Заев, но очигледно е дека ќе се сретне со него во одреден момент.

SHARE