Мицотакис најави кампања „Вистинска Македонија“

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија Алфа најави дека неговата партија ќе почне кампања „Вистинска Македонија“.

Тој вети дека, во случај на победа на парламентарните избори наесен, ќе се залага за ублажување на штетните последици од Преспански договор, притоа обвинувајќи го премиерот Алексис Ципрас за неприфатливи отстапки за јазикот и за идентитетот.

„Сè уште ги чекам Ципрас и неговите пратеници да го објаснат ова во северна Грција“, рече Мицотакис.

„Ќе сторам сè што е во моја моќ да ги олеснам негативните последици од договорот“, порача тој, додавајќи дека ќе преземе чекори за заштита на грчките производи со добивање европска заштита на трговската марка.

Лидерот на грчката опозиција уште наведе дека инаугурацијата на новиот музеј „Вергина“ при крајот на годината ќе биде можност „да се покаже величината на македонската цивилизација“.

SHARE

Оставете коментар