Лидерот на најголемата опозициска партија Неа демократија,Киријакос Мицотакис, викендов е во посета на „Македонија“, пишува агенцијата АНА-МПА.

Говорејќи пред неговите симпатизери синоќа во градот Јаница, Мицотакис потсети дека неговата посета на „Македонија“ за него има посебно значење бидејќи неговиот дедо, чие име го носи, како волонтер од Крит во 1912 година се борел во балканските војни.

Тој потсети дека „Преспанскиот договор“ е лош, а дел од одговорноста лежи во господата Ципрас, Коѕијас и Каменос.

Во расправата во петокот во грчкиот парламент тој изјави дека никогаш нема да каже „добредојде за премиер Македонец“ во Грција и се закани дека ќе го блокира интегрирањето на Македонија во ЕУ.

SHARE

Оставете Коментар