Михајловски: Што ви е крив Макрон?

Актерот Јовица Михајловски на Фејсбук реагира на „промена на расположението“ во јавноста и критиките на адреса на францускиот претседател:

„Шо толку по Макрон? Шо ви е крив човекот?
Ја да сум Макрон исто би прашал: Шо па вие во Европа? Чуму и по чему? По правна држава? Со Катица, Ременски, Јово Превара, Кирацовски, Вицето, Рашковски, Анѓушев и брадерс бра-ко, Ласкова, Локвенец, Мира дизел, Тунте, Мунте…Придонесот на старата гарда борци криминалци за европски вредности што скапуваат во куќен притвор по странство со пасош по избор, е буквално немерлив тука. Го мерат во Белизе, Кипар, Чешка. Владика тајкун, со монахиња основач на фабрика за преработка на марихуана?!! Еден од најистакнатите, слуги божји во светиот синод на џипови, на чело со газдата, господин, господин глисер.
Ова вака од слава шо ми текна, ги има многу неспомнати, нека ми простат, се само некои од најекспонираните борци за европски вредности. Колку ги има што не се селебрити бандити!?! Си ќутат и си крадат. И едните и другите, се досадуваат од крадење ,,Беше да крадеш,,. -Бев. Ти?- Еве, искачам од Шутка, кој ќе краде пак, кој ќе рмба, у пичку матер.,, Забрзано се трудат да ги стасаат легендите криминалци од бившиот режим, додека се на прав пат.
Први у свет по загаденост, трети по корумпираност, 100 ти слобода на медиуми,200 ти во образование, 300 ти во здравство, Македонија Депонија, ѓубре на секој чекор и увозник на радиоктивен и медицински отпад. 6 миљарди украдени, 600.000 иселени за 10 години. Дрвокрадци, водокрадци најбезбедни занимања. Шара навалена, Охрид пресушен од дивоградби. Први по лошото, последни по добро. Скопје 2014, уникатен паметник на кичот на психопатот од Будимпешта и бандитите, без намера да се пипне, како заштитено светско наследство?
ДУИ – имплантиран криминоген канцер во се здраво што ќе живне..?! ИТН…итн, итн..
Кој нормален, не љубител на криминал и деструкција, би сакал да се дружи со некој ВАКОВ. Да седи со него на иста маса?

Среќа не е се така црно. Има и светли примери, кои не се штедат и несебично со личен пример ја разубавуваат грдата слика, влеваат надеж за европска Македонија. Млади перспективни, задоени со европски идеали, како еден Алекс Ружин на пример, советник на премиерот за Бенелукс. Се знае со сите во Брисел и него го знаат, дека има девојка. Се постираше и на фб. Во моментов, со девојка му, лобираат со мобилен, преку шофершајбна у ауто во вожња, за фб стори и инстаграм.
Он ако не заврши работа за датум, ни татко му не помага“. – пишува Михајловски на ФБ.

SHARE