Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара Судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, дознава Независен.

Мијалков во СЈО претставил обемна медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.

СЈО, односно обвинителката која го води случајот Фатиме Фетаи, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот.

Од Кривичниот суд потврдија дека Мијалков месецов поднел барање да му се врати пасошот.

SHARE